Врз основа на соработката помеѓу Кроација Осигурување и АМСМ, клиентите кои купиле полиса за автоодговорност и зелен картон добиваат подарок АМСМ картичка, која ги вклучува следните пакет услуги:
АМСМ ЧЛЕНСКИ ПАКЕТ УСЛУГИ |
Помош на пат и шлепување во Македонија |
Еднократен бесплатен пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода |
неограничено во км |
Дополнителен пренос на возило по повластена членска цена |
неограничен број |
Бесплатна помош на пат (промена на гума, стартување на возило, проблем со брава, дотур на гориво и отстранување на ситен дефект во време од 1 час) |
1 интервенција |
Грижа за член во Македонија |
Покривање на патни трошоци на членот во случај на незгода или дефект |
1.000 ден |
Бесплатен Травел инфо-сет: патна карта, рута и информатор за земјата и за странство |
√ |
„АМСМ Newsletter“ на електронска адреса на членот |
√ |
Поволности во системот на АМСМ |
Бесплатна зимска /летна проверка на возилото на членот |
√ |
20% попуст на сервисни услуги на возилото на членот |
√ |
5-10% попуст на резервни делови |
√ |
20% попуст во АМСМ продавницата за автомобилска галантерија |
√ |
Заштеда со АМСМ членската картичка |
АМСМ Партнер програма за попусти во Македонија |
√ |
„Show your Card!“ – интернационална програма за попусти во Европа |
√ |
Online услуги Кроација |
Проширено патничко осигурување со целосно покритие за Ковид-19 |
10% попуст |
Полиса за домаќинско осигурување |
10% попуст |
Начин на користење на членските услуги
Член 1
Членските пакети важат за патнички моторни возила и лесни комерцијални возила кои не ги надминуваат следниве карактеристики:
- Вкупна маса до 3,5 тона и
- Вкупна должина од преден браник до задна осовина 3,5 м
Доколку возилото за кое се бара интервенција не ги исполнува горе наведените услови, АМСМ го задржува правото да не ја изврши бараната интервенција.
Член 2
Секоја потреба од помош на пат, пренос на возилото во случај на дефект или сообраќајна незгода или покривање на патни трошоци, членот треба задолжително да ја пријави во Контакт центарот на телефон 196 (за интервенции во Р.М) или на телефон + 389 2 3181 196 (за интервенции надвор од Р.М) во рок од 24 часа, во спротивно АМСМ нема да се изврши рефундирање на средства и користењето на услугите ќе бидат невалидни.
Во случај на задоцнето извршување на увид од страна на овластено лице на МВР, повикот до Контакт центарот може да се направи со задоцнување, при што се вклучува времето потребно за увид на овластените лица и ќе се смета за валиден и во согласност со условите на пакетот. Корисници на пакетите на АМСМ и/или други лица-учесници во незгода на возило за кое се бара интервенција, кои претрпеле повреди за што е потребна медицинска нега, не се обврзани да направат повик до корисничката служба во пропишаниот рок од 24 часа, односно нивните барања ќе бидат валидни и по овој период.
Член 3
Покривање на патни трошоци до 1.000 денари во случај на сообраќајна незгода (еднократно во период од 12 месеци)
Покривање на патни трошоци до 1.000 денари претставува услуга што ја извршува АМСМ, на територија на Република Македонија, а се извршува исклучително при истовремено користење на услугата „Бесплатен пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода – неограничено во километри“.
Патните трошоци се покриваат исклучително за корисникот на пакетот.
Со оваа услуга се признаваат трошоци за:
– редовен автобуски превоз или железнички превоз.
При подмирување на патните трошоци потребно е да се приложат оригинални документи до АМСМ со износот на патниот трошок, како и датумот на неговото извршување.
Напомена:
Членскиот број на АМСМ картичката како и датумот на важност на истата клиентите го добиваат преку Вибер порака.
Повеќе информации за АМСМ членските пакети тука.