БЕСПЛАТНА ЛЕТНА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛО

02/05/2023

Секоја сезона бара соодветна подготовка на возилото, a летна подготовка е важна, со оглед на летните патувања кои претстојат.

Како наши членови во периодот од 15.05 – 30.06.2023 година, имате можност да направите бесплатна летна проверка на возило, која вклучува:

  • Бесплатни сервисни услуги, како проверка на ниво на масло во мотор, контрола на антифриз, кочиона течност, течност за серво управувач, состојба на акумулатор и визуелна проверка на состојбата на моторот, проверка на предни и задни кочиони облоги, состојба на предни и задни сврзни елементи на потпирањето, на елементите од системот за управување, елементите од погонскиот систем и елементите за потпирање на моторот;
  • 30% попуст на вулканизерски услуги и
  • 15-20% попуст на работна рака.

Акцијата можете да ја користите во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје (Центар), Велес и во Кичево, само со претходно закажување.                

Закажување: 02/3181-181 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping