Услугата можете да ја користите секогаш кога настанатиот дефект не може да се отстрани на самото место и кога возилото не може да се движи на сопствен погон.
До која оддалеченост и на која територија можете да ја користите услугата зависи од типот на АМСМ членскиот пакет кој сте го избрале:
– Classic членство: бесплатен пренос на возило до 200км во двете насоки на територија на Република Македонија
– Europe Premium членство: бесплатен пренос на возило до 200км во двете насоки на територија на Република Македонија и во Европа
– Light членство: бесплатен пренос на возило до 20км во двете насоки на територија на Република Македонија
– Business членство: бесплатен пренос на возило до 200км во двете насоки на територија на Република Македонија
– Business Europe Premium членство: бесплатен пренос на возило до 200км во двете насоки на територија на Република Македонија и во Европа
Во секој АМСМ членски пакет е вклучен еднократен бесплатен пренос на возило во случај на дефект во времетраење од еден членски период, кој изнесува 12 месеци.
За помош на пат и шлепување на територијата на Р.Македонија повикајте 196 (и за повик од фиксен и за повик од мобилен телефон) или повикајте +389 2 3181 196 ако се наоѓате надвор од Македонија.
Повеќе информации на 02/3181-108.