АМСМ, во рамките на „Месецот на жената“ традиционално, веќе по трети пат одржа своја трибина посветена на зголемување на свеста кај жените за поголема безбедност во сообраќајот.
Додека минатите години, трибината се однесуваше на жените-возачи и безбедноста на децата во сообраќајот, оваа година истата беше посветена на информираноста, како фактор за поголема безбедност во сообраќајот.
На трибината учествуваат сите релевантни институции, како претставници на Министерството за внатрешни работи на Р.М, одделението за анализа и прогноза на време при УХМР, преставници од АМСМ Контакт Центарот, задолжен за информирање на граѓаните за состојбата на патиштата во Р.Македонија, како и новинарките Силвана Жежова и Ели Танаскова и естрадната уметничка Вера Љубојна.
„Да се биде соодветно информиран за состојбата на патиштата, за временските услови, за евентуалните ограничувања и навремено да се планира патувањето е само уште една обврска која очигледно им припаѓа многу повеќе на жените отколку на мажите. Ако кон ова се додаде и обврската за едукација на сопственото дете за превенција и безбедност во сообраќајот, не е тешко да се заклучи дека жените имаат пресудна улога за безбедноста на семејството во сообраќајот“, беше генералниот заклучок на присутните на трибината.
Датум на одржување: 18.03.2015год