Хотел „Бисер“ Струга – 10% попуст

Хотел Бисер е лоциран на самиот брег на Охридското Езеро и е одалечен само 5 км од Струга и 17 км од Охрид. Сообраќајно е поврзан со околните населени места со патишта, 24 часовна активна врска. Близината на аеродромот овозможува одлична врска со одалечените дестинации.

Хотелот по воден пат е поврзан со Охрид, манастирски комплекс Св.Наум и пристаништето во Подградец–Р.Албанија. Хотелот е типичен модел на старо Македонска архитектура која претендира да ги задржи националните архитектонски карактеристики и денес, и покрај притисокот на новите трендови за ентериерска организација. Хотелот Бисер им посакува добредојде на своите гости веќе 30 години со широко отворени врати нудејќи го своето гостопримство, предизвикувајќи чувства на комфорт, релаксација и задоволство.

 

Хотел „Тино“ Охрид – 10% попуст

Приказната за хотел Тино започнува во далечната 2000 година кога сопствениците на хотелите се вратиле од Германија, каде што поседувале ресторан. Љубовната приказна на овој пар, Валентин и Франческа Винченци Маркулевски, всушност започна таму.

Стремежот кон успех, долгата и макотрпна работа, фантастичната локација, посветеноста на хотелиерите кои целокупното раобтење на хотелот, вкусната македонска, интернационална, како и италијанска кујна подготвена од вештите раце на газдарицата Фрначеска, сето тоа придонесе за создавање на единствен бренд во хотелиерството, во нашата земја и странство.

 

 

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping