Модно студио „ФРАН“ – 10% попуст

Младиот креативен тим, предводен од дизајнерката Фросина Ангеловска, под називот ФРАН создава модна и естeтска приказна на нашата сцена.

ФРАН функционира како креативно студио, со желба да ја материјализираме идејата за еден простор во кој ќе ги соединиме сите наши страсти, а воедно и на клиентите ќе им понудиме дел од нашето ЈАС. Се наоѓа во центарот на Скопје и лесно е достапно. Вратите на студиото ФРАН се отворени за сите кои имаат желба да им помогнеме да се почуствуваат малку поинаку-вели Фросина

Како АМСМ член можеш со 10% попуст да си дозволиш да ги осетиш придобивките од ова студио.
Повели!
Ресторан „СКОПСКИ МЕРАК“ – 10% попуст

Ресторанот Скопски Мерак започна со работа на 21 Мај 1991 год. во една стара куќа на ул Андон Дуков во Дебар Маало. Започнавме со 5 маси и 20 пластични столици за да сега во 2012 година се гордееме со Скопски Мерак во срцето на истото Дебар Маало. Голема благодарност до сите кои не подржуваа изминативе 21 год, до персоналот кој работел и кој се уште работи заедно со нас како и на нашата конкуренција која не тераше и се уште не тера да работиме подобро во интерес на нашите гости.Влеговме во овој бизнис како млади и полни со елан и ентузијазам угостители решени да воведат нови стандарди во угостителството. Тој елан не држи сеуште и додека е така ќе го работиме ова што сме го работеле со надеж дека за следните 21 год. оваа страница ќе ја пишуваат нашите деца..- велат сопствениците.

Како АМСМ член имаш 10% попуст да направиш еден фамилијарен ручек/вечера …