КЛУЧАР БАЖЕ – 10% попуст

Како еден од нашите долгогодишни АМСМ партнери го издвојуваме Клучар БАЖЕ, кој се препознава со искуство пренесено со генерации, домаќинско работење со советување и носење на заедничко решение.

Неговиот успех се должи на модернизацијата и пратењето на трендовите во областа на машини за изработка на клучеви, сигурносни брави и клучеви и нивна имплементација во секојдневното работење.
ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ И ВОДНО ПЕРЕЊЕ- FRESH EXPRESS -10% попуст

Fresh Express е голем и угледен синџир на хемиско чистење и водено перење, кој во моментов е присутен на два пазари Македонскиот и Србскиот. Fresh Express ги опремува своите објекти со најдобрата state-of-the-art опрема и кадри од посветени стручни лица кои се гордеат со секој чекор во процесот на чистење. Со локации во големите трговски центри во Скопје и Белград, Fresh Express е лесно достапен за сите свои лојални клиенти, нудејки одлична услуга и максимален квалитет, со фер цени.

Како резултат на сопствената големина и големиот капацитет, Fresh Express е во состојба да врши микро сортирање на специфичните видови на облека со индивидуален тип на ткаенина, боја, дизајн и тежина, како би се зголемило нивото на нега и ефикасноста во чистењето. Откако ќе биде исчистено и третирано со најмодерна технологија, секој парче облека повторно се прегледува, дополнително обработува ако е тоа потребно, а потоа се враќа во првобитната состојба. Секое парче облека се финишира со најнапредни завршни облици и рачно се довршува од посветените стручни лица кои се гордеат со конечниот резултат на секое парче облека подеднакво.