АМСМ ЧЛЕНСКИ КАРТИЧКИ ВО ВЕРО МАРКЕТИТЕ

18/04/2024

Покрај бензинските станици на ЛУКОИЛ, отсега АМСМ членските картички се достапни и во сите ВЕРО маркети низ земјата.

Со цел АМСМ членските картички да ги направиме подостапни за сите физички лица, ја проширивме нашата продажна мрежа, па сега таа ги вклучува:

  • Сите ВЕРО маркети, вкупно 14 лоцирани во Скопје, Тетово, Битола и Куманово

АМСМ картичките кои се достапни во ВЕРО маркетите потребно е да се активираат за да можете да ги користите членските услуги. Тие се вредносни Ваучери со активациски код.

Активирањето на картичката може да се врши: електронски – на веб страната www.amsm.mk, во просториите на АМСМ или телефонски на 196 во АМСМ Контакт центарот кој е достапен 24/7.

Електронска активација може да направите за неколку минути. Постапката е наведена на задната страна на картичката со следните чекори:

Чекор 1: Изгребете го активацискиот код

Чекор 2: Внесете ги вашите податоци тука

Чекор 3: Патувајте безгрижно!

По внесување на податоците ќе добиете е-пошта со потврда за извршената активација на картичката.

Доколку ваква АМСМ членска картичка купувате за да ја подарите, тогаш активирањето треба да го направи оној на кој му ја подарувате картичката, внесувајќи ги неговите податоци.

Секако продолжувањето на Вашата АМСМ членската картичка секогаш можете да го направите онлајн или директно во АМСМ станиците за технички преглед во Скопје (Центар и Чаир), Велес и Кичево.

 

ПАТУВАЈТЕ БЕЗГРИЖНО!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping