Почетна /
Новости /
АЛАТКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА УПОТРЕБАТА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДОДЕКА ВОЗИТЕ
АЛАТКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА УПОТРЕБАТА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДОДЕКА ВОЗИТЕ
18/09/2023
Расеаното возење е сериозна и растечка закана за безбедноста на патиштата. Со сè почеста употреба на мобилни телефони и брзото воведување на нови комуникациски системи во возилата, овој проблем ескалира до критично ниво во последните години.
Сосема е сигурно дека ако користите мобилен телефон додека возите, имате приближно четири пати поголеми шанси да бидете вклучени во сообраќајна несреќа отколку возач кој не користи телефон. Овој ризик е сличен и кога станува збор за користење на „hands free“, бидејќи клучен проблем е когнитивното одвлекување на вниманието, а не само невнимание предизвикано од физичкото држење на телефонот. Се чини дека испраќањето текстуални пораки има уште посериозно влијание врз однесувањето во возењето и ризикот од сообраќајна несреќа.
Искушението да се држи мобилниот телефон и да се гледа и користи додека се вози денес е реално.
Ако сте се обиделе да ја намалите употребата и не сте успеале… не сте единствени.
Знаеме дека лошите навики тешкo се оставаат и затоа, во соработка со ФИА (Fédération Internationale de l’Automobile) и ААА (Australian Automobile Association), ја креиравме алатката Drive In The Moment (Вози Го Моментот). Овој пристап базиран врз истражување е дизајниран за да ви помогне да го научите вашиот мозок како засекогаш да ја прекине навиката за користење на мобилен телефон додека возите.
Започнете со разбирање на ризиците и направете план за намалување на употребата на мобилен телефон во сообраќајот, кој докажано фунционира.
Користејќи ја алатката Drive In The Moment (Вози Го Моментот) и приспособувајќи ја неговата имплементација и комуникација на локално ниво, проектот ги таргетира првенствено младите возачи од 18-22 години. Целта на проектот е да се зголеми свеста за последиците од користење на паметен телефон како една од водечките причини за повреди и смрт на патиштата.
АМСМ како единствена мобилити членка на ФИА од земјава има пристап до ФИА Фондацијата и ФИА грант програмите за поголема безбедност на патиштата. Проектот Drive In The Moment (Вози Го Моментот) беше еден од избраните проекти за ко-финансирање од страна на ФИА, а ќе биде реализиран во соработка со приватни и државни универзитети.