40 ГОДИНИ…

 

15.10.1983 година со одлука на АМСЈ формиран е Информативен Центар на АМСМ во Скопје. Со огромен ентузијазам е започнато нешто што не можело да се предвиди дека ќе истрае 40 години. Служба што прерасна во модерен Контакт Центар на АМСМ, кој опслужува огромна бројка на АМСМ Членови, како и наши и странски корисници. 40 години не е само бројка, не е само причина за прослава, тоа е временска рамка низ која поминале 73 агенти, 25 возачи и механичари и 7 раководители, кои оставиле трага и биле сведоци на неговиот раст и развој.

 

 

 

 

40 години помеѓу овие врати и прозорци спомени лежат.

40 години први го дочекуваме утрото, 40 години ја чуваме ноќта од будните, 40 години први ги пречекуваме сончевите зраци, 40 години први го газиме снегот, 40 години достапни за помош и информација.

40 години радост и тага, насмевки и солзи, прегратки и кавги, врски и раскинувања.

40 години незаборавни смени, празници и нови години на работно место, трајни пријателства.

40 години ЕДИНСТВЕНИ.

 

4 децении

40 години

480 месеци

2.087 недели

14.609 денови

350.632 часови

21.037.968 минути

1.262.278.080 секунди

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping