НАСТАНИ

Промоција на АМСМ членските пакети во Радовиш

Отсега, АМСМ членските пакети (Light, Classic, Europe Premium, Business и Business Europe Premium), благодарение на Станица за технички преглед „Авто-Сигурност“ им се достапни и на граѓаните на Радовиш.

По тој повод, на 27.09.2014, АМСМ направи промоција на АМСМ членските пакети, која се одржа во најпопуларното кафуле во Радовиш, „Ти Амо“. Промоцијата ја водеше Лила Филиповска, која со препознатлив стил, на присутните им ги претстави услугите и бенефициите на АМСМ членските пакети. Додека децата се радуваа на crash куклата, позната по тестирањето на безбедносните перформанси на возилата,
возрасните се радуваа на наградите кои ги освоија на наградниот АМСМ квиз.

Фотографиите од настанот можете да ги погледнете подолу.