Новости

ПОПУСТ во АМСМ ПРОДАВНИЦАТА за автомобилска галантерија

Покрај вообичаените услуги во системот на АМСМ, во продавница на АМСМ за автомобилска галантерија ќе најдете баш сѐ што ви е потребно за вашето возило.

Од задожителна опрема за автомобил (прва помош, триаголник, флуоресцентен елек и сл.) преку техника за автомобил (држачи, полначи и USB приклучоци за мобилен телефон) до патосници, течност за чистење на шофершајбна, зимски производи, како и Sonax козметика за автомобил и алати и производи од програмата на Black&Decker и Stanley, изборот на производите во продавницата ќе ви овозможи да пронајдете сѐ што ви е потребно на едно место и притоа да заштедите и време и пари.

АМСМ членовите добиваат 20% попуст на редовните цени, со што имаат можност и привилегија сите производи да ги купат по загарантирано најниска цена во градот.