Новости

Пребарајте ги SyC! партнерите во Македонија, Европа и светот и заштедете каде и да патувате

Потврда дека нашите АМСМ членови секогаш добиваат повеќе, е и Show your Card! програмата, со која можете да заштедите кога патувате во Македонија, но и кога патувате било каде во Европа и во светот.

Пребарајте ги по град и категорија сите попусти, дополнителни бенефиции и поволности во познати светски синџир-хотели, рент-а-кар агенции, туристички атракции и во над 25.000 продавници само во Европа.

Се што е потребно е пред секое патување да ги пребарате SyC! партнерите во кои како АМСМ членови добивате попуст и сериозно заштедите! 

За користење на Show your Card! попустите се што е потребно е да покажете АМСМ членска картичка со SyC! логото.