МЕДИУМИТЕ ЗА АМСМ

Проект „Car Space Baby Place – Безбедни семејни паркинг зони“ - 2019 година

АМСМ, како единствена членка од Македонија во Светската автомобилистичка федерација – FIA, несебично дава својот придонес и континуирано работи за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Проектот „Car Space Baby Place – Безбедни семејни паркинг зони“ е уште еден во низата интернационални проекти кои АМСМ успешно ги реализира. Активностите од проектот ќе се спроведуваат во текот на целата 2019-та година. Проектот ќе се имплементира на цела територија на Македонија.

Главна цел на проектот е да се подигне свеста за безбедноста во сообраќајот на ранливите категории учесници, особено на бремените жени и возачи на возила со кои се превезуваат на децата до тригодишна возраст. Статистиките покажуваат дека бројот на сообраќајни несреќи во кои повредени биле родителите или децата до три годишна возраст се поразителни, па оттаму и нашата намера да го посветиме вниманието токму на овие целни група.

Во склоп на проектните активности, планирано е обележување на посебно паркинг место на паркинзите, резервирано за бремени жени и возачи на возила со кои се превезуваат на деца до три годишна возраст. Возилата на целните групи ќе бидат обележани со налепници кои ќе се издаваат во времетраење од една година. Исто така, се планира издавање на брошура со совети од медицински и стручнен аспект, за едуцирање на бремените жени и родителите на деца до тригодишна возраст за тоа како да се однесуваат во сообраќајот и да бидат што е можно побезбедни.

За проектот да ги постигне максималните резултати, АМСМ склучи меморандум за соработка и ќе соработува со Министерство за внатрешни работи, Министерство за транспорт и врски, ЗЕЛС и Факултетот за безбедност и Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, а со оваа иницијатива АМСМ успеа да издејствува да се направи дополнување на Правилникот за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација на патот.

Проектот е поддржан од ФИА Програмата за трансформација и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

 

 

Истиот беше проследен од повеќе медиуми:

- 24 вести

- Радио МОФ

- Слободен печат

- Академик

- МКД

- iPORTAL

- Точка

- Денар

- А1он

- Независен

- Центар

- ЗЕЛС