ПОМОШ НА ПАТ 24/7 И ПАТНИ ИНФОРМАЦИИ



АМСМ Помош на пат (СПИ) ви обезбедува:

- Патни информации (02/ 15 555) вклучувајќи информации за состојбата и евентуалните застои на патиштата низ Републиката, информации за работа на пат, состојбата на граничните премини и туристички информации за Македонија и за повеќе од 30 европски држави, и
- Помош на пат (196), стручна техничка помош на самото место во случај на дефект на возило, пренос на возило во случај на дефект кој не може да се отстрани на самото место, во случај на сообраќајна незгода или друг вид имобилизација, како и сервисни услуги.

Членовите на АМСМ имаат 20% попуст на сервисните услуги во АМСМ СПИ.

Работно време: 24/7