Новости

Бесплатна зимска проверка за АМСМ членови!

Сервисирањето и соодветната зимска проверка на возилото е исклучително важна за безбедноста на вашето семејство во текот на целата година, но има суштинско значење во текот на зимата.

 

Сите АМСМ членови, имаат ексклузивна можност и привилегија во периодот од 15.11-15.12.2018 да направат бесплатна зимска проверка на возилото, која вклучува:
- Проверка на антифриз;
- Проверка на масло;
- За секое купено Repsol моторно масло од 5 литри, добивате гратис филтер за масло;
- Промена на филтер за воздух,масло, клима уред и за гориво;
- Проверка на сопирачки и на глицерин;
- Проверка на осветлување;
- Превентивен технички преглед (проверка на амортизери, предница и на возна постројка);

- Проверка на системот за полнење и на акумулаторот.

 

Проверката можете да ја направите со претходно закажување на АМСМ инфо линија 02/3181-181 почнувајќи од 15.11.2018, на следниве локации:
АМСМ Скопје – Центар во сервисот на АМСМ Службата за помош и информации на пат, лоциран веднаш до Станицата за технички преглед;
АМСМ Велес.

Дочекајте ја и оваа зима подготвени и патувајте БЕЗГРИЖНО!