ТЕКОВНИ ОГЛАСИ

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МАРКЕТИНГ, Скопје, АМСМ Услуги Консалтинг

КЛУЧНИ РАБОТНИ ОБВРСКИ:

 

Развој и реализација на годишен маркетинг план на ниво на правни лица одделно и на ниво на АМСМ системот во целина
- Маркетинг поддршка во организација на настани
- Планирање на електронски и социјален медиа маркетинг
- Грижа за корпоративно брендирање и корпоративен идентитет
- Контрола на целокупните маркетинг комуникации
- Подготовка на предлог концепт за маркетинг кампања
- Брифирање на графичкиот дизајнер заради подготовка на креативен концепт и решение
- Follow-up на реализираните маркетинг активности 

 

 ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

 
- Високо образование (Економски факултет смер Маркетинг, Е-бизнис)
- Напредно познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point), Internet,
- Основно познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, Acrobat Professional
- Напредно познавање на Англиски јазик
- Најмалку 3 години соодветно работно искуство 


 

СПОСОБНОСТИ И ПОТРЕБНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ВЕШТИНИ:

 
- Презентациски вештини
- Аналитички вештини
- Креативност
- Енергичност
- Почитување на крајни рокови
- Способност за работа во динамична средина 


Доколку сакате да ни се придружете и да станете дел од нашиот успешен тим, ја очекуваме вашата кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик во електронска форма да ни ја доставите на vrabotuvanje@amsm.com.mk со назнака РАБОТА – Специјалист за маркетинг, најдоцна до 25 јануари 2018.

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.