НАСТАНИ

АМСМ трибина по повод Меѓународниот ден на жената на тема „Жената - фактор за поголема безбедност во сообраќајот“ 08.03.2016

АМСМ традиционално веќе неколку години по ред, во знак на одбележување на Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, организира трибина посветена на едукација на припадничките на понежниот пол на различни теми поврзани со безбедноста во сообраќајот. 

Оваа година, на наше огромно задоволство, со вклучувањето на РСБСП како партнер, трибината доби сосема поинакво значење и поголеми размери. На овогодинешната трибина на тема „Жената - фактор за поголема безбедност во сообраќајот“, беа присутни повеќе од 150 жени-возачи, со што се потврди нивниот сериозен пристап кон темата, но и нивните заложби за поголема безбедност во сообраќајот.

Целта на трибината беше потврдување на улогата на жената, како активен учесник во сообраќајот, но и потенцирање на нејзината улога на мајка, преку која навистина претставува значаен фактор на влијание за поголема безбедност на децата во сообраќајот и фактор за подигање на сообраќајната култура воопшто.

На трибината свое обраќање имаа Претседателот на РСБСП,  г-динот Стојче Стаменковски, кој ја отвори трибината и директорката на АМСМ Центар за возила, г-ѓата Данијела Доневска, а свои излагања дадоа проф.д-р Верица Данчевска и доц.д-р Зоран Јошевски од Техничкиот факултет при УКЛО Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ од Битола, г-ѓа Мерита Мустафаи, член на РСБСП, г-ѓа Росана Јанков, портпарол на АМСМ, д-р Татјана Баевска-Вучковиќ, директор на „Здравствен дом-Скопје“ и г-ца Светлана Пљакоска, извршен директор на „Олимпија Моторс“. За крај на трибината, своја порака на темата испрати и Елена Ристевска, естраден уметник.