МЕДИУМИТЕ ЗА АМСМ

Промовирана налепница „Мисли на велосипедистите“ 15.06.2015

Налепницата „Мисли на велосипедистите“ која е наменета за подигање на свеста на возачите за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот е дел од поголем проект „Со велосипед на пат низ целиот град“ кој на почетокот на оваа година го иницираше АМСМ во соработка со FIA, а кој го поддржаа сите релевантни владини и невладини институции и неформални здруженија, како МВР на РМ, Град Скопје, РСБСП, велосипедската заедница итн.


Првите налепници „Мисли на велосипедистите“, во АМСМ Станицата за технички преглед во Скопје – Центар, ги залепија Претседателот на РСБСП, г-динот Стојче Стаменковски и Генералниот Секретар на АМСМ, г-динот Димитар Миновски. 
 
Сопствениците на моторните возила кои ги користат услугите на АМСМ во Скопје (Центар и Чаир) и во Велес, од 15.06.2015година ќе имаат можност да ги одбележат своите моторни возила со налепницата  „Мисли на велосипедистите“ и на тој начин да изразат поддршка за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот.

Повеќе за настанот можете да прочитате во:

Утрински весник
Вечер 
- tocka.com.mk
- Макфакс
- Пулс 24
- Нетпрес
- reporter.mk
- Алфа ТВ
- Сител ТВ