МЕДИУМИТЕ ЗА АМСМ

Обука на инструкторите на Авто Школа Мобилити за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот 07-09.05.2015

Во периодот од 7-9 мај, истакнатиот експерт во областа на безбедноста во сообраќајот, проф.д-р Ралф Рисер од Австрија, во рамките на проектот на АМСМ „Со велосипед на пат низ целиот град“, одржа обука на тема „Однесувањето на возачите за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот“.

Обуката беше примарно наменета за инструкторите од Авто Школа Мобилити, но на неа присуствуваа и претставници од сите институции и организации, партнери во проектот. 

Посетата на професорот се покажа интересна и за медиумите, па како тие информираа за обуката, прочитајте подолу.

Утрински весникПешаците и велосипедистите ранлива категорија во сообраќајот
ВечерСообраќаен експерт ќе предава на инструктори од автошкола
Утрински весникПредавања за безбедноста на велосипедистите
tocka.com.mk5 минути со Росана Јанков – портпарол на АМСМ