МЕДИУМИТЕ ЗА АМСМ

PRO PR награда за портпаролот на АМСМ 02.04.2015

На 2.4.2015 година, во свечена атмосфера во „Малин“ на островот Крк, по четврти пат беше oдржано доделувањето на наградите PRO.PR. Наградите им беа доделени на лица што со својата работа придонеле за развој на комуникацискиот менаџмент и на односите со јавноста.

Годинашен добитник на наградата ПР е Росана Јанков ПР во АМСМ, од Македонија.

Покрај на претставничката од Македонија, награди им беа врачени и на: Снежана Бахтијари, Ериксон Никола Тесла – директорка на комуникации, Хрватска; Дубравка Јусиќ, ВИПнет – раководителка на корпоративни комуникации, Хрватска; Саша Форџиќ, Осиек – округ Барања, шеф на кабинет, Хрватска; Астрид Мушура, Инмедијас рес комјуникејшнс – консултант, Хрватска; Катарина Клеменц, ЛЕК Сандоз – раководителка за комуникации, Словенија; Маја Овен, БТЦ СИТИ – раководителка на маркетинг и комуникации, Словенија; Владимир Чех, Институт за историјата на маркетинг, Србија; Првослав Плавшиќ, Србија; Гаљина Огњенов, Економски факултет Белград, вонреден професор, Србија; Дијана Тепшиќ, Центар за полова рамноправност на Владата на Република Српска – портпарол, Република Српска; Дарко Јука, Алумина д.о.о. БиХ – раководител на корпоративни комуникации, Босна и Херцеговина; Асја Ченгиќ Касумовиќ, Академија 387 – независен консултант, Босна и Херцеговина; Бијагио Опи, Италијанска асоцијација за односи со јавноста – член, Италија; Рената Скоф, Скилс – коосновачка и сениор консултантка во Скилс груп, Австрија; Олег Румијантсев, организатор на Зимски олимписки игри во Сочи, Русија; Ана Мартиновиќ, МТЕЛ – ПР менаџерка, Црна Гора; Габор Хегју, ДАВОС комјуникејшнс – основач на ДАВОС комјуникејшнс, експерт за комуникации, Унгарија; Дени Роџерс, ПР Вик – уредник на магазин за односи со јавноста, Велика Британија; наградата „Vision Manager Award“ им се доделува на раководителите на компанијата во државата во која конференцијата се одржува и овој пат му беше доделена на г. Дарко Шкет, одговорно лице на компанијата „Певец“. Градот Вараждин е добитник на наградата „Vision City Award“ преку проектот „Шпанцирфест“ и благодарејќи на неговата визија и вложувањата при креирањето на интернационален публицитет, наметна нова перцепција за градот, а освен национален публицитет, креираше и меѓународен.

Даниел Колетиќ, претседател на организацискиот одбор на конференцијата ПРО.ПР, изјави: „Конференцијата ПРО.ПР не е спектакл, тоа е единствен настан што ги собира лидерите на комуникациската професија. Ние ќе ѝ останеме верни на нашата стратегија и оваа година ќе собереме околу 200 учесници од осум земји“.

За наградата во медиумите прочитајте подолу:

Убавина и Здравје
Бизнис Вести 
еМагазин
- Портал Турлитава
- Портал Маркетинг365