ЧЛЕНСТВО

ЧПП

1. Дали кога ќе се зачленам можам веднаш да ги користам сите услуги од мојот членски пакет?

Доколку за прв пат се зачленувате во АМСМ или имате прекин во членството подолг од 30 дена, услугите „Бесплатен пренос на возило во случај на сообраќајна незгода“ и „Бесплатен пренос на возило во случај на дефект“ можете да ги користите дури после 7 дена од денот на зачленување, сите останати услуги ги користите веднаш по зачленувањето.

Доколку сте постојан член на АМСМ, сите услуги можете да ги искористите веднаш.

2. Управувам со повеќе возила, за кое возило ми важи членството?

АМСМ членските пакети наменети за физички лица (Classic, Europe Premium, Light) не се врзуваат со возило, туку на физичко лице. Ова значи дека можете да ги користите услугите од вашиот членски пакет со кое било возило да управувате, со напомена дека возилото за кое барате услуга мора да биде уредно регистрирано, на физичко лице и на македонски таблички. АМСМ членските пакети наменети за правни лица (Business, Business Europe Premium) се врзуваат за возило регистрирано на правно лице, кое исто така мора да биде уредно регистрирано и на македонски таблички.

3. Како да постапам доколку имам потреба од интервенција?

Доколку имате потреба од интервенција врз вашето возило се што треба да направите е да завртите на телефонскиот број 196 доколку вртите од Македонија или на 0038923181196 доколку вртите надвор од Македонија, за останатото ќе се погрижи операторот од контакт центарот на АМСМ.

4. Доколку не ги искористам сите 200 км за бесплатен пренос на возило, дали преостаната километража ќе ми важи за понатаму?

Услугите „Бесплатен пренос на возило во случај на сообраќајна незгода“ и „Бесплатен пренос на возило во случај на дефект“ се користат еднократно. Без оглед на тоа колку километри ќе ви биде шлепувано возилото, услугата ќе ви биде одземена од системот и сметана како искористена.

5. Дали со Класик членство можам да ја користам Show your Card! програмата или морам да поседувам Europe Premium членски пакет?

Програмата Show your Card! е дел од следните членски пакети: АМСМ Classic, АМСМ Europe Premium и АМСМ Light. Доколку сакате да користите попусти во рамки на програмата во земјата каде што патувате, побарајте ги истите преку бесплатната АМСМ мобилна апликација за Android и iPhone базирани телефони, на АМСМ веб страницата тука, или пак на веб страницата www.arceurope.com - Discounts & Benefits - Search Location. Не заборавајте да ја понесете Вашата важечка АМСМ членска картичка, бидејќи ќе треба да ја покажете пред да го добиете попустот. Доколку користите попуст во некој хотел, задолжителна е претходна резервација.

6. Што точно значи АМСМ Партнер програма?

АМСМ Партнер програмата подразбира мрежа на деловни партнери каде што АМСМ членовите имаат можност да пазарат и користат услуги со попуст. Како деловни партнери на АМСМ се реномирани бутици, ресторани, кафе барови, салони за пневматици, салони за бела техника, салони за убавина, продавници за компјутери, музеј и многу други АМСМ партнери на територија на Македонија. Само со покажување на АМСМ членската картичка, Вие може да ги користите бенифитите кои Ви ги нуди АМСМ Партнер програмата. Сите АМСМ Партнер продажни места во кои како АМСМ членови можете да купувате со попуст можете да ги видите тука.