МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

ECMA - АМСМ e член од 2007 година







ЕКМА претставува Европска алијанса на клупски списанија на ФИА во која соработуваат 14 автомото и туринг-клубови од Европа. Во 2007 година „АМСМ Клуб мобилити“ стана рамноправен член на Европската алијанса на клупски списанија на ФИА чии заеднички стории и информации пристигнуваат до над 70 милиони читатели-членови со што таа претставува најмоќна издавачка алијанса во Европа.

Воспоставувањето успешен однос на комуникација и соработка со читателите е комплексен процес кој зависи од многу фактори. Работата е уште поспецифична кога станува збор за членско списание. 

Со формирањето на Европската алијанса на клупски списанија на ФИА во 2006 година во Минхен, започнува и остварувањето на нејзината основна стратегија – публикување на заеднички стории, размена на информации помеѓу автомото и туринг-клубовите во интерес на членовите.