МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

EuroNcap - АМСМ e член од 2009 година







EuroNCAP (Европската Програма за Оценување на Ново произведените возила) претставува програма која им обезбедува на корисниците реална и независна процена на безбедносните перформанси на некои од најпопуларните возила на пазарот во Европа.

Формирана во 1997 година и моментално поддржана од 7 Европски влади, Европската комисија, авто мото асоцијациите и организациите на потрошувачи во секоја ЕУ земја, EuroRAP многу бргу стана катализатор за потикнување на безбедносните подобрувања во дизајнот на новите возила.

EuroNCAP претставува вистинскиот консултант во врска со информациите кои се потребни при купување ново возило при изборот за безбедност.

www.euroncap.com

За „Најдобрите возила по класа за 2015 година“ според EuroNCAP тестовите прочитајте повеќе тука.