МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

FIA - АМСМ е член од 1994 година






FIA (Federation Internationale de L'Automobile) Меѓународната автомобилска федерација уште од својот почеток во далечната 1904 година е посветена на претставувањето и на заштитата на интересите на авто-мото организациите и корисниците на моторни возила  насекаде низ светот. Истовремено претставува највисоко тело на авто-спортот во светот. 

FIA е непрофитна асоцијација која обединува 207 национални авто-мото организации од 122 држави на пет континента. Нејзините членки ги претставуваат интересите на повеќе од 100 милиони моторизирани граѓани и нивните фамилии. Ова претставува моќен мандат кој FIA достојно го брани. 


FIA
www.fia.com

Во врска со прашањата за безбедноста
во сообраќајот, мобилноста, заштитата
на околината и правото на корисниците,
FIA активно ги промовира интересите
на учесниците во сообраќајот 
во Обединетите нации, Европската Унија
и други меѓународни тела.     
FIA Foundation 
www.fiafoundation.com


Основана како тело на FIA кое ги
поддржува и раководи со меѓународните
програми и активности за безбедност
на патиштата, заштита на околината и
одржување на мобилноста.
FIA Institute
www.fiainstitute.com


Преку Show Your Card! услугата,
АМСМ на своите членови им нуди низа попусти низ светски реномирани синџир-хотели, ресторани, рент-а-кар, агенции, музеи, итн., на повеќе места низ Европа, САД  и Канада...