Општествена одговорност

Проект „АМСМ Репортер“ - 2011 година

Што е АМСМ репортер? 

АМСМ репортер е секој учесник во сообраќајот, кој доброволно известува за нарушување на сообраќајниот режим низ Република Македонија.

Сообраќајот може да биде нарушен во следните случаи: работа на пат, застој на граничен премин, блокада, одрон, сообраќајна незгода, сообраќај во колона или различни услови кои наметнуваат потреба од внимателно возење. 

За време на патување, а при забележување на нарушен сообраќаен режим на патиштата во Република Македонија, АМСМ репортерот треба да застане на безбедно место (доколку е во автомобил), а потоа да пријави застој на пат.

Информацијата на АМСМ Репортерот пристигнува во АМСМ Контакт центарот, каде во координација со надлежните институции се проверува, а потоа се објавува во дневните информации за состојбата на патиштата.

Како се пријавува нарушен сообраќаен режим од страна на АМСМ репортерот?

1. Наједноставно пријавување на нарушување во сообраќајниот режим е преку АМСМ бесплатната мобилна апликација за iPhone и Android базирани телефони. Користејќи ја соодветната икона од оваа апликација (АМСМ репортер), која содржи детали за нарушениот режим на сообраќај: опис на незгодата, време на чекање и можност за испраќање на слика од местото на настанот.

                                

2. Нарушување во сообраќајниот режим може да се пријави и со едно сигнализирање од мобилен телефон на телефонскиот број: (02) 3181 377. АМСМ репортерот ќе биде веднаш побаран од страна на референт од АМСМ контакт центарот за детални информации околу застојот.

За сите АМСМ репортери кои активно ќе известуваат за нарушен сообраќаен режим  следуваат награди!

Доколку во текот на една календарска година АМСМ Репортерот има најмалку 10 објавени известувања за нарушен сообраќаен режим, добива гратис АМСМ Classic членство, кое вклучува услуги во вредност од 21.728 ден.