Општествена одговорност

Кампања „Вози зелено“ - 2008 година

Вози зелено! (Make cars green) е меѓународна кампања за заштита на животната средина преку намалување на загадувањето од автомобилите и нивното влијание на нашата планета.

Кампањата се заснова на принципите од декларацијата „Вози зелено“ на FIA, едногласно усвоена на Генералното Собрание на FIA и е успешен пример како политичарите, индустријата и потрошувачите заедно можат да направат вистинска разлика.

Вози зелено! има цел да охрабри сериозно преиспитување на начинот на кој се гледа на автомобилите во општеството и пред се да охрабри еколошка мобилност во иднина.

Кампањата се заснова на 10 клучни точки за „позелено“ возење:

-  Купувајте еколошки автомобил

-  Планирајте го патувањето

-  Редовно проверувајте го притисокот на гумите

-  Намалете го товарот на автомобилот и избегнувајте употреба на кровен багажник

-  Не го загревајте моторот пред поаѓање

-  Употребувајте клима-уред само кога е неопходно

-  Забрзувајте постепено и одржувајте ја брзината на константно ниво

-  Користете моторно сопирање

-  Не го оставајте моторот да работи во лер

-  Намалете ја емисијата на CO2 од вашиот автомобил


Превземете ја брошурата и Возете зелено!