Општествена одговорност

Кампања „Размисли пред да возиш“ - 2009 година

Размисли пред да возиш! е глобална иницијатива на FIA Фондацијата, компанијата Bridgestone и авто-мото клубовите ширум светот за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Кампањата има цел да промовира безбедно возење и сообраќајно однесување, како и да ја зголеми свеста за поголема безбедност во сообраќајот, како локално така и глобално.

Размисли пред да возиш! се заснова на неколку основни и едноставни пораки за поголема безбедност во сообраќајот:

- Потенцирање на активности кои одземаат малку време, а кои можат да спасат живот и
- Идентификување на основните причини за фатални сообраќајни незгоди.

Водич низ Размисли пред да возиш! кампањата е експертот за сообраќајна безбедност, Dummy-куклата за тестирање на безбедносните перформанси на возилата, чија работа е да ги искуси сите сообраќајни незгоди кои искрено се надеваме дека вие никогаш нема да ги доживеете.

Превземете ја брошурата и прочитајте што ви советува Dummy за ваша поголема безбедност во сообраќајот.