Општествена одговорност

Декада на акција за безбедност на патиштата 2011-2020

АМСМ како членка на FIA (Светската Автомобилистичка Федерација) се обврза на активна поддршка на Декадата на акција на ООН за безбедност на патиштата 2011-2020 година, за првпат дефинирана со Резолуција на Обединетите Нации (А/64/255).

Целта на Декадата на акција е преку заедничко делување на сите земји членки на ООН да се спасат 5 милиони животи и да се спречат над  50 милиони повреди на патиштата во светот.

АМСМ во соработка со релевантните институции и чинители во Р. Македонија недвосмислено ја поддржува оваа глобална акција и континуирано, на различни начини дејствува во рамките на 5-те утврдени столба на безбедниот патен систем:

1. Управување со патна безбедност
2. Побезбедни патишта и мобилност
3. Побезбедни возила
4. Побезбедни корисници


На 10 мај 2011, во салата „Дипломатик“ на Скопскиот Саем беше одржана прес-конференција по повод Декадата на акција на ООН, на која претседателот на АМСМ г-динот Спасе Јовковски, министерката за внатрешни работи на Р.М, г-ѓата Гордана Јанкуловска и претседателот на Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата, г-динот Никола Ангеловски, ги инфомираа медиумите за глобалната кампања и за статистиките околу сообраќајните незгоди во регионот во последната декада.






Како и секаде во светот, така и во Македонија, Декадата на акција започна на 11 мај точно во 12:00ч. на пладне, со промотивен настан во организација на АМСМ, РСБСП и со поддршка на Министерството за внатрешни работи на РМ.

За таа цел на ул.„Македонија“ беа дистрибуирани едукативни брошурки, со цел информирање на пошироката јавност за Декадата на акција и нејзините цели, а беа поделени и голем број на беџови, препознатливи за Декадата на акција секаде во светот.

Настанот беше поддржан од министерката за внатрешни работи на Р.Македонија, г-ѓата Гордана Јанкуловска, преку нејзино лично присуство, но и преку присуство на голем број припадници на сообраќајната полиција.











Во 2011 година во насока на Декадата на акција и поголема безбедност на патиштата за најмладите, АМСМ ја промовираше првата „Бебе во автомобил“ налепница на македонски јазик, која беше диструбирана и достапна бесплатно во АМСМ Станиците за тхенички преглед во Скопје и Велес.





Во 2012 година под називот „Промени ги навиките“ беше реализирана кампања на социјалните медиуми, која вклучуваше над 200 постови и која имаше цел да посочи на некои „лоши“ локални сообраќајни навики и пред се да предизвика интерес за нивно менување.