ЧЛЕНСТВО
Business Europe Premium членство

Business Europe Premium членство

BUSINESS EUROPE PREMIUM за безгрижни службени патувања!

Business Europe Premium членството е наменето за правни лица, и може да се користи на територија на Р. Македонија и во Европа. Членскиот пакет важи за патнички моторни возила и лесни комерцијални возила со следниве карактеристики:
1.    Вкупна маса до 3,5 тона и
2.    Вкупна должина од преден браник до задна осовина 3,5 м.

Услугите вклучени во Business Europe Premium членството се однесуваат на едно службено возило, а можат да се користат како на цела територија на Република Македонија, така и било каде во Европа.

Услуги во Македонија:
- Бесплатен пренос на возило во случај на дефект до 200 км во двете насоки, сметано од местото на тргнување на шлеп возилото.
- Бесплатен пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода - неограничено во километри.
- Пренос на возило по повластена членска цена.
- Бесплатна помош на пат - до пет пати (замена на пневматик, стартување на возило, дотур на гориво и други дефекти на самото место)
- Извлекување на возило.
- Покривање на патни трошоци до 1.000 денари во случај на дефект на возило или сообраќајна незгода
- Дополнителни погодности, попусти и сезонски акции во системот на АМСМ:
               - 10% попуст на технички преглед
               - 20% попуст на сервисни услуги
               - 5-10% попуст на резервни делови
               - Бесплатна зимска /летна проверка на возилата за кои е издадено членство
               - 20% попуст во АМСМ продавницата за автомобилска галантерија
- „Travel Info Set“ (информативен комплет за патување) кој вклучува патна карта, рута, информатор за земјата и странство во однос на сообраќајната законска регулатива, патарини, курсна листа и сл., кој се издава на барање на членот.
- Бесплатно членско списание „AМСМ Клуб мобилити“ во печатено и електронско издание, доставено на електронска или контакт адреса на членот.

Услуги во Европа:
- Бесплатен пренос на оштетено возило во случај на сообраќајна незгода до 400€.
- Бесплатно шлепување или бесплатна помош на пат при дефект на возило до 200€.
- Покривање трошоци за хотелско сместување, рент а кар или патни трошоци до 200€. 



Цена: 4.200 ден.

* 10% попуст на редовната цена на членскиот пакет добивате доколку станете АМСМ член on-line, преку нашата веб страница или преку АМСМ мобилната апликација наменета за Android и iPhone мобилни телефони.

Вредност на услугите кои ги добивате со пакетот: 77.739 мкд.
АМСМ Business Europe Premium членството е со важност од 1 година од датум на издавање.