ЧЛЕНСТВО
Business членство

Business членство

BUSINESS и вашиот бизнис никогаш нема да застане!

Business членството е наменето за сите правни лица било големи, средни или мали. Членскиот пакет важи за патнички моторни возила и лесни комерцијални возила со следниве карактеристики:
1.    Вкупна маса до 3,5 тона и
2.    Вкупна должина од преден браник до задна осовина 3,5 м.

Услугите вклучени во Business членството се однесуваат на едно службено возило, a можат да се користат на целата територија на Република Македонија:

- Бесплатен пренос на возило во случај на дефект до 200 км во двете насоки, сметано од местото на тргнување на шлеп возилото
- Бесплатен пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода - неограничено во километри
- Пренос на возило по повластена членска цена
- Бесплатна помош на пат - до три пати (замена на пневматик, стартување на возило, дотур на гориво и други дефекти на самото место)
- Извлекување на возило
- Покривање на патни трошоци до 1000 денари во случај на дефект на возило или сообраќајна незгода
- Дополнителни погодности, попусти и сезонски акции во системот на АМСМ:
                - 10% попуст на технички преглед
                - 20% попуст на сервисни услуги
                - Бесплатна зимска /летна проверка на возилото на членот
- „Travel Info Set“ (информативен комплет за патување) кој вклучува патна карта, рута, информатор за земјата и странство во однос на сообраќајната законска регулатива, патарини, курсна листа и сл., кој се издава на барање на членот
- Бесплатно членско списание „AМСМ Клуб мобилити“ во печатено и електронско издание, доставено на електронска или контакт адреса на членот



Цена: 1.390 ден.

* 10% попуст на редовната цена на членскиот пакет добивате доколку станете АМСМ член on-line, преку нашата веб страница или преку АМСМ мобилната апликација наменета за Android и iPhone мобилни телефони.

Вредност на услугите кои ги добивате со пакетот: 21.739 мкд.
АМСМ Business членството е со важност од 1 година од датум на издавање.