ЧЛЕНСТВО
Europe Premium членство

Europe Premium членство

Europe Premium и во Европа исто како дома!

Europe Premium членството е наменето за физички лица и Ви овозможува членските услуги да ги користите и кога управувате со сопствено и кога управувате со туѓо моторно возило. Возилото треба да е уредно регистрирано со македонски регистарски таблички и да гласи на физичко лице, односно членството се однесува на зачленетото лице, а не на возилото. Членскиот пакет важи за патнички моторни возила и лесни комерцијални возила со следниве карактеристики:


1.    Вкупна маса до 3,5 тона и
2.    Вкупна должина од преден браник до задна осовина 3,5 м.

Услугите вклучени во Europe Premium членството можете да ги користите како на целата територија на Република Македонија, така и на целата територија на Европа :

Услуги во Македонија:
- Бесплатен пренос на возило во случај на дефект до 200 км во двете насоки, сметано од местото на тргнување на шлеп возилото
- Бесплатен пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода - неограничено во километри
- Пренос на возило по повластена членска цена
- Бесплатна помош на пат  - до пет пати (замена на пневматик, стартување на возило, дотур на гориво и други дефекти на самото место)
- Извлекување на возило
- Покривање на патни трошоци на членот до 1000 денари во случај на дефект на возило или сообраќајна незгода
- Дополнителни погодности, попусти и сезонски акции во системот на АМСМ:
             - 10% попуст на технички преглед
             - 20% попуст на сервисни услуги
             - Бесплатна зимска /летна проверка на возилото на членот
- „Travel Info Set“ (информативен комплет за патување) кој вклучува патна карта, рута, информатор за земјата и странство во однос на сообраќајната законска регулатива, патарини, курсна листа и сл., кој се издава на барање на членот
- „Show your Card!“ - интернационална програма за попусти во повеќе од 25.000 продажни места во Европа, САД и Канада
- АМСМ Партнер програма - национална програма за попусти во над 200 продажни места на територијата на Република Македонија
- Бесплатно членско списание „AМСМ Клуб мобилити“ во печатено и електронско издание, доставено на електронска или контакт адреса на членот
- Можност за купување кампинг - картичка CCI за попуст во над 1100 кампови во цела Европа

Услуги во Европа:
- Бесплатен пренос на оштетено возило во случај на сообраќајна незгода до 400€
- Бесплатна интервенција до 200€:
             - Бесплатен пренос на возило во случај на дефект, или
             - Бесплатна помош на пат
- Згрижување на член до 200 евра:
             - Хотелско сместување до 100€ и
             - Бесплатно користење на најмено (рентакар) возило до 100 евра                       

или

- Покривање на патни трошоци до 200€:
             - Редовен автобуски или железнички превоз
             - Авионски билет



Цена: 2.700 ден.

* 10% попуст на редовната цена на членскиот пакет добивате доколку станете АМСМ член on-line, преку нашата веб страница или преку АМСМ мобилната апликација наменета за Android и iPhone мобилни телефони.
* Во периодот од 01.03-31.03.2015, можете да купите on-line АМСМ Europe Premium со 30% попуст за дами.

Вредност на услугите кои ги добивате со пакетот: 77.700,00 мкд.
АМСМ Europe Premium членството е со важност од 1 година од датум на издавање.