КАРИЕРА СО АМСМ

РАБОТА ВО АМСМ - АПЛИКАЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Веруваме дека зад успешната компанија стојат уште поуспешни вработени затоа за таа цел вработувањето на најдобрите кадри, постојаната грижа и вложувањето во вработените во насока на континуиран раст и развој преставува наш клучен приоритет.

Обезбедувањето на квалитетни, посветени, енергични, проактивни вработени е примарна цел на АМСМ.

Затоа доколку сте заинтересирани за кариера во АМСМ, а воедно сте подготвени за динамичка работа во креативна атмосфера го очекуваме Вашето CV и мотивационо писмо со назнака „Вработување во АМСМ“ на vrabotuvanje@amsm.com.mk.

Сите апликации се регистрираат во нашата база на заинтересирани потенцијални вработени и согласно нашите потреби од конкретен профил истите ќе бидат поканети на интервју.


Ви благодариме, 
АМСМ


* Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на CV-то се согласувате дека Вашите лични податоци можат да бидат предмет на обработка на секторот за човечки ресурси во АМСМ Услуги Консалтинг ДОО Скопје за пополнување на слободните работни места, сè додека не нè контактирате на vrabotuvanje@amsm.com.mk за да ја повлечете Вашата согласност. Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. За точноста на податоците одговорен е кандидатот.