ЗА НАС

Мисија и вредности

Наша МИСИЈА

Ние сме современа организација со долга традиција. Се стремиме кон бескомпромисен квалитет на сите наши услуги, преку континуирана имплементација на најновите технологии и најдобрите бизнис практики, притоа постојано вложувајќи во развивање и унапредување на нашите вработени. Настојуваме да се издвоиме себе си преку постојано создавање на дополнителна вредност за нашите членови и корисници.

Создаваме мигови за паметење и насмевка. Патувајте БЕЗГРИЖНО!



Наши ВРЕДНОСТИ 

Патувајте БЕЗГРИЖНО!
Ние во АМСМ овозможуваме 24/7 т.е. 365 дена во годината за сите учесници во сообраќајот, безгрижни патувања од аспект на возилото, потребната документација за секое патување, помош на пат, како и патни информации. Постојано делуваме и во обезбедување на поддршка за унапредување на состојбата и подигање на безбедноста на патиштата, безбедноста на автомобилите и обука на возачите во општеството во кое живееме и работиме.

Ориентираност кон корисниците
Обезбедуваме врвна услуга – навремена, квалитетна и професионална, услуга која ја заслужуваат сите наши членови и корисници.

Ориентираност кон успех
Ги следите и препознаваме очекувањата и потребите на нашите членови и корисници и истите ги вклучуваме во испораката на услугите следејќи ја современата техника и технологија, а притоа етаблирајќи го АМСМ како бренд кој традиционално е прв избор.

Ориентираност кон врвен квалитет
Преку почитување на пропишаните стандарди за квалитет заедно со професионалниот однос на нашиот стручен тим ние сме поддршка во пресретнувањето на очекувањата и потребите како на нашите членови и корисници така и на општеството воопшто. Главен фокус на нашето работење се нашите задоволни членови и корисници.

Лојалност
Градиме искрено чувство на припадност кон системот на АМСМ со работењето според нашите носечки вредности во насока на лична реализација и задоволување на очекувањата и потребите на нашите членови и корисници.

Отвореност кон промена
Ние гледаме напред во насока на превидување на новите потреби на нашите членови и корисници и проактивно ги прилагодуваме нашите услуги. Отворени сме за сите нови идеи од нашите вработените кои се во насока на постигнување на заедничката цел.

Преземање на одговорност 
Совесно, стручно и професионално ги извршуваме сите ветувања како кон нашите членови и корисници така и кон општеството. Секој од нас има лична одговорност и обврска во работењето според меѓусебно договорените процеси и процедури во насока на исполнување на споделената визија.