ЧЛЕНСТВО

Програма „Зачлени пријател и заштеди со АМСМ!“

Почитувани АМСМ членови,

 

Судејќи по бројот на ваши зачленети пријатели, сигурни сме дека веќе добро ја познавате програмата „Зачлени пријател!“, со која како АМСМ членови имате можност АМСМ членските пакети да ги препорачате на вашите пријатели, да ги зачлените и притоа да добиете привилегии и поволности за вас.

 

Овојпат со цел да одговориме на вашите барања и да ви овозможиме да заштедите, воведовме вредносни ваучери кои ги добивате доколку зачлените ваш пријател. Вредноста на ваучерите се разликува и зависи од типот на членскиот пакет кој вашиот пријател го избрал.

 

Зачленете пријател во некој од следните

АМСМ членски пакети за физички лица:

Добивате вредносен ваучер

на износ од: 

 Classic членство  250,00ден
 Europe Premium членство  600,00ден
 Light членство  100,00ден

 

 

 

 

 

 Услови за добивање на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

 
Вредносниот ваучер го добивате само при зачленување на нов АМСМ член, при што нов АМСМ член е:
- Физичко кое станува АМСМ член по првпат
- Физичко лице кое не е АМСМ член најмалку една година.

Зачленувањето на вашите пријатели можете да го направите во просториите на АМСМ Скопје (Центар и Чаир) и во Велес.

Право на вредносен ваучер за зачленет пријател имате само доколку сте активен АМСМ член.

Програмата „Зачлени пријател!“ не важи во период кога АМСМ членските пакети се на промотивна/акциска цена.

 

 

Услови за користење на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

 
Вредносниот ваучер кој го добивате за зачленет пријател можете да го искористите во период од една година од датумот на издавање, на сите локации на АМСМ во Скопје (Центар и Чаир) и Велес, за попуст на следните услуги во системот на АМСМ :

 

- Технички преглед на возило
- Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта
- АМСМ членство
- Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија
- Обуки за сите категории во Авто Школа Мобилити
- Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ Центар за возила
- Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили
- Услуги Помош на пат и шлепување
- Горива на АМСМ Петрол