EuroNcap

Најдобрите возила по класа за 2015 година

АМСМ како ексклузивен партнер на Euro NCAP (Европската Програма за Оценување на Новопроизведените возила) за Македонија, ви ги пренесува резултатите од реалната и независна процена на безбедносните перформанси на некои од најпопуларните возила на пазарот во Европа за 2015 година.

Имено, Euro NCAP ги објави „Најдобрите возила по класа за 2015 година“, во избор од преку 40 возила од исклучително активната година.

Најдобриот off-road и воедно возило со најдобри перформанси за 2015 е Volvo XC 90. Лидерот на шведската компанија постигна неверојатни 97 процентни поени во делот на заштита на возачите и максимални 100 проценти за вградената безбедносна технологија.

Mercedes –Benz GLC е најдоброто мало off-road возило за 2015. Во повисоката класа на фамилијарни возила имаа еднакво добри резултати: Jaguar XE и Toyota Avensis имаа идентични севкупни резултати. Jaguar ги зема почестите во оваа категорија со оглед на тоа што целата безбедносна опрема преставува стандард кај ова возило. Toyota поседува безбедносна технологија за асистирање на возачите единствено како опција, но воедно и цените се далеку пониски.

Најдобар во класата за мали фамилијарни возила беше Infinity Q30, со силни перформанси во сите сегменти на оценувањето. Во 2015 година, две супермини возила имаа генерално исти безбедносни перформанси: Honda Jazz и Suzuki Vitara, надминувајќи се еден со друг во различни сегменти до крајот. Сепак Honda Jazz е Euro NCAP е победникот во оваа класа со оглед на стратегијата на Honda за имплементација на напредни безбедносни системи.

VW Touran е најдобро возило во класата на мал MPV; Ford Galaxy C-Max го победи Renault Espace за највисоката позиција во категоријата за големи MPV возила. Нов момент  во минатогодишното истражување и оценување беше посебното внимание обрнато на таканаречените roadsters, категорија на релативно поскапи возила, но за кои производителите посветуваат помало внимание на безбедносниот аспект. Ниедно од тестираните возила не успеа да добие 5 ѕвезди, во недостиг на технологии за избегнување судари. Како и да е, со 4 ѕвезди Mazda MX-5е најдобра во оваа категорија.

Возилата од Германија, Шведска, Јапан и Велика Британија се помеѓу лидерите за 2015 година во сите класи. 2016 година ќе донесе нови предизвици со оглед на воведувањето на задолжителниот тест за Системите за Автономно запирање за заштита на пешаците. Некои возила, особено оние од премиум сегментот веќе ја поседуваат оваа опрема и се очекува од нив да го водат развојот во делот на безбедноста на идните генерации возила.