Општествена одговорност

FIA Европски Сообраќајно-Едукативен Натпревар - 2010 година

Со огромен ентузијазам АМСМ одговори на предизвикот да биде домаќин на 25-от Европски сообраќајно-едукативен натпревар на FIA-ETEC (European Traffic Education Contest), кој се одржа од 24-27.09.2010 година во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, а на кој присуствуваа претставници на авто-мото клубови од 21 европска земја, меѓу кои: Австрија, Германија, Финска, Франција, Унгарија, Монако, Норвешка, Полска, Швајцарија, сите соседни земји итн.

За првпат во историјата на организација на овој натпревар, беше обезбеден пренос во живо преку веб страницата на АМСМ (life streaming), овозможувајќи им на родителите на учесниците од цела Европа активно да го проследат натпреварот. Организацијата на натпреварот од страна на АМСМ воспостави нови стандарди на организација на FIA-ETEC кој и денес се памети како извонредно организиран настан.

Таа година првото место на натпреварот го освои екипата на авто-мото клубот од Русија.